Германскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Киев

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска пристигна во Киев на разговори со украинската влада.

Loading...

Посетата не беше однапред најавена од безбедносни причини, пренесува Дојче веле.

Писториус, наводно, одделно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустам Умеров.

Претходната вечер тој разговараше за европската помош за Украина, особено за зајакнување на украинската одбранбена индустрија, со колегите од Полска, Франција, Италија и Велика Британија во Варшава, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп сепак нема да му ја предаде Украина на Путин? Сè поголем оптимизам во Европа!