Германски полицајци застрелаа Хрват кој ги нападнал со нож

Сподели со своите пријатели

Германската полиција застрела и тешко рани 25-годишен Хрват во Сасенберг, откако претходно наводно нападнал полицајци со два ножа, објавија јавното обвинителство и полицијата, објавува Билд.

Според извештаите, и покрај повеќекратните барања од полицијата, тој одбил да престане.

Потоа еден од полицајците го застрелал напаѓачот во горниот дел од телото.

Loading...

Хрватот претрпел сериозни повреди, но не и опасни по живот, и бил однесен во болница.

Според истражителите, станува збор за соседски конфликт, а инцидентот се случил во петокот околу 14:30 часот.

Во еден момент, 25-годишниот маж наводно извадил два ножа, кои подоцна ги употребил за да им се закани на полицајците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 пожарникари се борат со пожар во поранешната зграда на BBC во Лондон

Според германскиот весник, Хрватот лесно повредил 39-годишен маж и уште еден сосед (50) со оружје, а потоа избегал.

Кога службите за итни случаи го фатиле во близина кратко потоа, ситуацијата ескалирала.

Loading...