Германски „Патриот“ ќе го штити самитот на НАТО во Литванија

Сподели со своите пријатели

Германија започна со распоредување на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Литванија, кои ќе го обезбедат самитот на НАТО во Вилнус за нешто помалку од две недели, објавија во четвртокот вооружените сили на балтичката земја.

Loading...

Членката на ЕУ објави фотографии на кои се гледа влезот на конвој на германската армија во Вилнус, главниот град на Литванија.

На 11 и 12 јули во Вилнус ќе се одржи состанок на западната воена алијанса на највисоко ниво. Литванија се граничи со руската ексклава Калининград и Белорусија, близок руски сојузник.

Ова е прво распоредување на ракети Патриот во Литванија, соопшти литванската војска. Со системот ќе управуваат германски војници, пишува dpa и пренесува Hina.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето на патриотите е извршено на барање на НАТО и во тесна консултација со Литванија.

Германија ќе придонесе и со копнени, воздушни и поморски капацитети за обезбедување на самитот на НАТО, се вели во соопштението.

Лови непријателски проектили во воздухот

„Патриот“ е одбранбен систем земја-воздух, и се смета за ефикасен одбранбен систем против руски ракети.

Опремен е со фрлач кој носи повеќе проектили, заедно со радарско возило и контролна соба.

Loading...

Копнениот радарски систем детектира и следи цел во радиус од 80 километри и лансира ракета Патриот кон целта за да ја уништи пред да стигне до нејзината дестинација.

Ракетата е опремена со систем за наведување и корекција на траекторијата, а има способност да пресретнува и уништува балистички и крстаречки ракети и некои видови авиони.