По ослободување на 200 парцели, сопственост на Берчтесгаден одлучила да организира лотарија за да сите имаат шанса да дојдат до место за вечно почивање.
За гробните места во германското гратче Берчтесгаден отсегакош владеел голем интерес.
Германските медиуми известуваат за тоа како овој град, за да сите заинтересирани имаат подеднакви шанси, одлучил да организира лотарија за празни гробни места, пренесува агенцијата Анадолија.
Loading...
Со години градските власти морале да ги отфрлаат барањата за купување на гробни места на гробиштата од 17 век, а причината е недостаток на простор.
Но, откако се ослободиле 200 парцели, властите во гратчето сместено во баварски Алпи одлучиле да организираат лотарија за да сите имаат исти шанси да дојдат до место за вечна почивка.
Лотаријата ќе се одржи на 18. јули, а досега за учество се пријавиле 280 луѓе.