Германската Влада апелира граѓаните да одат во продавници само поради неопходни артикли

Сподели со своите пријатели

Германската Влада денеска упати апел до своите граѓани да се откажат од божиќното купување пред да биде воведен целосен карантин.

Loading...

– Се надевам и би сакал луѓето да одат во продавници само за најпотребните артикли. Што побрзо го ставиме под конторла овој вирус, тоа подобро за сите, изјави германскиот министер за финансии Петер Алтмајер.

Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски сојузни држави  се согласија в среда да се воведе целосен карантин, што ќе трае до 10 јануари.

Со новите мерки епредвидено најмногу две лица од едно домаќинство, пет вкупно да можат дабидат во еден стан, не сметајќи ги децата под 14 години.

Марина Илиевска

Leave a Reply