Берлинската полиција отвори прелиминарна истрага против палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој оваа недела изјави дека Израел извршил 50 холокаусти врз Палестинците.
Таа изјава, дадена за време на заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Олаф Шолц, предизвика осуда во Германија, Израел и пошироко.
Во петокот, полицијата го потврди извештајот на германскиот дневен весник Билд дека Абас е под истрага за можно поттикнување насилство, откако доби официјална кривична пријава, објави Бета, цитирана од АП.
Имунитет од гонење
Намалувањето на холокаустот е кривично дело во Германија, а отворањето на прелиминарна истрага не значи автоматски целосна истрага.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека Абас, како претставник на палестинската управа, ќе има имунитет од гонење бидејќи тој е во официјална посета на земјата.
Германија не ги признава палестинските територии како суверена држава, став што Шолц го потврди во четвртокот.