Германската пензија веќе не е сон за многумина

Сподели со своите пријатели

Просечната пензија по најмалку 45 години работа во Германија изнесува 1.543 евра.

Loading...

Оваа информација ја изнесе германската влада како одговор на пратеничкото прашање на Дитмар Барх, шефот на пратеничката група на Левицата во Бундестагот.

Разликата меѓу женската и машката пензија изнесува неколку стотици евра.

Просечната „машка“ пензија изнесува 1.637, а „женската“ 1.323 евра.

Просекот во западниот дел на земјата е повисок од просекот во поранешните источногермански покраини и изнесува 1.605 евра, наспроти 1.403 евра на исток.

Споменатиот просечен износ на пензија за Барч е „срамен биланс на пензиската политика во последните две децении“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Усвоено: Романија може да ги собори сите дронови кои илегално влегуваат во земјата

За него, фактот што жените и источногерманците имаат значително помали пензии е знак „дека сме далеку од праведен систем на соодветни пензии“.

Овој политичар побара од сојузната влада да „воведе вонредно зголемување на пензиите од 10 проценти за сите пензионери оваа година како компензација за инфлацијата“.

Loading...

Според него, „не може министрите, државните секретари и државните службеници да добиваат 3.000 евра за инфлација, а куповната моќ на пензионерите да продолжи да опаѓа“.