Германската „кочница“ за цените на гасот ќе чини 13,1 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Германската „кочница“ за цените на гасот ќе ја чини земјата 13,1 милијарди евра, што е многу помалку од очекуваното, објави денеска Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Loading...

Владата во Берлин минатата зима издвои 40,3 милијарди евра во Фондот за економска стабилизација за да ги ублажи последиците од поскапувањето на гасот, но IFO проценува дека само една третина од планираната сума ќе биде доволна за оваа намена.

„Цените на гасот драстично паднаа од зимата, тоа е причината“, коментира експертот на МФО, Макс Леј.

Тој изјави дека Германија ќе одвои нешто помалку од 12,4 милијарди евра за домаќинствата и малите и средни претпријатија, а нешто помалку од 700 милиони евра за индустријата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Остануваме на одлуката да не испорачаме ракети со долг дострел на Украина

„Гасните термоелектрани и поголемите станбени единици нема да добијат никакво олеснување“, додаде Леј, пренесува Танјуг.

Германската „кочница“ за цените на гасот значи дека владата ја гарантира цената на овој енергенс до одредена сума и ја плаќа разликата меѓу пазарната и субвенционираната цена.

Во националните сметки оваа „кочница“ се евидентира како субвенција на стоки на фирмите.