Германската автомобилска индустрија во неволја: Ја губат конкурентноста

Сподели со своите пријатели

Германија е во опасност да го загуби статусот на велесила во автомобилската индустрија, предупреди во понеделник, 4 септември, претседателката на Германското здружение за автомобилска индустрија (ВДА) Хилдегард Мулер пред саемот IAA Mobility.

Loading...

„Германските производители можеби ќе можат да опстанат без реформи, но Германија би го изгубила статусот на автомобилски центар“, рече шефот на здружението.

Според Мулер, клучните проблеми се прекумерната регулација, бавните политички одлуки и отсуството на правна рамка за прашања како што е вештачката интелигенција.

На прво место, сепак, е структурата на трошоците, вели таа, поради што меѓународната конкурентност на Германија „драматично“ слабее.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Предвремени избори во Шри Ланка: Победи левичарската коалиција

„Конкретно, трошоците за енергија се значително повисоки во Германија отколку кај другите големи производители на автомобили“, прецизира Мулер.

Автомобилската индустрија бара државата привремено да ја субвенционира цената на струјата за да се спречи заминувањето на производителите на батерии од Германија, односно да се привлечат странски компании во најголемата европска економија.

Минатата недела владата најави даночни олеснувања за компаниите во износ од 32 милијарди евра во следните четири години, но субвенциите за електрична енергија се уште се предмет на дискусија.

„Канцеларот Олаф Шолц во вторник, на 5 септември ќе го отвори саемот IAA Mobility, кој собира производители на автомобили, добавувачи, технолошки компании, но и политичари“, забележува Poslovni.hr.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови