Германската амбасада донираше медицински апарати за кумановската болница (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на Сојузна Република Германија во земјава денеска донираше поголем број медицински апарати за потребите на Општа болница Куманово.

Loading...

 

Невладината организација „Бујрум“ преку проект аплицирала во ковид фондот на германското Министерство за надворешни работи и притоа се обезбедени 10 монитори, 30 октисиметри и 10 кислородни концетратори кои ќе се распределат на одделенијата во кумановската болница.

 

 

Како што рече амбасадорката  Анке Холштајн, Германија досега во регионот има донирано пет милиони евра за справување со Ковид кризата.

Loading...

– Германија во моментот претседава со Советот на ЕУ. Со оглед на актуелните состојби нашиот главен ацкент е справување со пандемијата и нејзините последици. Овде во регионот на Западен Балкан сакаме да покажеме дека нашите партнери во борбата со пандемијата, можат да се потпрат на нас. Германија досега го поддржа регионот со пет милиони евра, во кои што спаѓа и овој проект, а понатамошни 10 милиони се на пат. Освен тоа ЕУ помага со 3,3 милијарди евра во кои Германија учествува со скоро една третина, изјави амбасадорката Холштајн.

 

 

Претходно амбасадорката во просториите на Општина Куманово остварила средба и со градоначалникот Максим Димитриевски на која се разговарало на повеќе теми за подобрување на соработката, имплементација на голем број проекти.

– Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на граѓаните на Германија и амбасадата за оваа донација која ја направија на нашата градска болница која има регионален карактер и секако оваа донирана опрема ќе значи многу за нашите граѓани во делот на обезбедување на подобри услови за вршење на здравствениот процес и заштита на нашите граѓани. Се наоѓаме во тешка ситуација, впрочем ковид кризата е секаде присутна, но ова е дополнителен доказ дека Македонија и Куманово имаат држави партнери кои излегуваат пресрет во најтешките моменти, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Александра Тасиќ од НВО „Бујрум“ упати апел овој проект да послужи како добра пракса во иднина.

– Целта на овој проект беше да се подобрат условите за живот во Општина Куманово и беа донирани апарати, станува збор за донација од 10 монитори, 30 октисиметри и 10 кислородни концетратори. Се надеваме дека со ова условите за граѓаните ќе бидат подобрени и сакам да апелирам самиот овој проект да послужи како добра пракса во иднина, се повеќе граѓаните да се заложуваат за унапредување на условите според нивните можности, изјави Тасиќ.

 

 

Донацијата е добредојдена, вели директорката на кумановската болница, која истакна дека досега установата располагала со монитори стари и по 20 години.

– Опремата ќе биде распоредена на повеќе одели, затоа што не само Инфективните оддели, туку и другите одели во нашта болница примаат пациенти кои ковид позитивни. Имаме ургентни состојби, итни операции, породувања, од кардиолошки карактер кои одат на интерно одделение и подоцна ќе се испостави дека биле ковид позитивни. На многу места навистина ни е потребен ваков мониторинг на пациенти, изјави Захариева.

Loading...

 

 

Инаку Куманово е еден од градовите со најголем број на случаи позитивни на коронавирус. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 1.472 случаи, а во моментот активни се 379.

Никола Ивановски

 

Loading...

Leave a Reply