Дваесет и седумгодишна државјанка на Германија била приведена вчера на Граничниот премин Табановце при овид да внесе психотропни печурки во Македонија.
– На 19.01.2026 во 09:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.С.(27) од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при извршена гранична контрола и по извршен преглед на возило-комбе „фолксваген“ со германски национални ознаки, во кое се превезувала, во задниот дел од возилото се пронајдени и одземени две тегли со печурки со психотропни супстанци, за кои М.С. се изјаснила дека се нејзини.
– Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

