Германија се согласи на „таргетирани и функционални“ мерки на Русија во користењето на глобалниот меѓубанкарски платен систем SWIFT, објавија во саботата германските министри за надворешни работи и економија, а одлуката веднаш ја поздрави украинскиот претседател.
„Ние итно работиме на ограничување на колатералната штета што ќе произлезе од исклучувањето од SWIFT, така што мерката ќе влијае на вистинските луѓе што ќе бидат погодени. Потребно ни е насочено и функционално ограничување на SWIFT“, изјавија во заедничката изјава министерот за надворешни работи Аналена Баербок и министерот за економија Роберт Хабек.
Исклучувањето на Русија од системот што го користат илјадници банки треба да му нанесе тежок удар на рускиот банкарски систем, оневозможувајќи им на банките пристап до пари.
Сепак, исклучувањето од SWIFT би им наштетило и на економиите на многу земји и компании, бидејќи би предизвикало големи нарушувања, на пример, во снабдувањето со руска нафта и гас.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е благодарен на сите за одлуката да се исклучи Русија од SWFIT, пренесува Ројтерс.
Германската влада во петокот ја бранеше својата одлука да не ја исклучи земјата од СВИФТ како дел од санкциите против Русија, бидејќи „Европа веќе има негативни искуства со исфрлањето на Иран од системот Свифт“, изјави вчера Баербок.
Таа рече дека исклучувањето на Русија од системот Свифт ќе го оневозможи финансирањето на хуманитарни проекти.