Германија трајно ќе стационира една армиска бригада во Литванија

Сподели со своите пријатели

Германија трајно ќе стационира една бригада од својата армија во Литванија, изјави денес шефот на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич.

Тој процени дека тоа ќе биде голем чекор за зајакнување на одбраната и одвраќањето на источниот дел од Алијансата, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека, покрај тоа, НАТО ќе ѝ обезбеди на Литванија понапредни индикации и предупредувања во случај непријателските лансирања против Украина да преминат во литванскиот воздушен простор.

Откако пред два дена беа забележани неколку неидентификувани летачки објекти во литванскиот воздушен простор, сите летови беа суспендирани на главниот аеродром во Вилнус, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Кремљ намерно го нападна НАТО

Поради сè почестите инциденти, Министерството за транспорт на Литванија размислува за проширување на зоните на забрането летање за беспилотни летала околу важните инфраструктурни точки.

Ова лето, два руски беспилотни летала од типот „Гербер“ ја нападнаа Литванија, од кои едниот носеше неколку килограми експлозив.

Според литванската војска, беспилотните летала веројатно биле наменети за напад врз Украина, но биле пренасочени со помош на електронско блокирање и завршиле над Литванија.