Германија објави дека ќе испрати 1.000 противтенковски и 500 ракети „Стингер“ од воените резерви во Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Владиниот портпарол Штефан Хебестрајт изјави дека германската влада одлучила да испрати 1.000 противтенковски и 500 ракети Стингер од воените резерви за поддршка на украинските вооружени сили.
„Оружјето ќе биде доставено до Украина што е можно поскоро“, рече Хебестрајт.
Истакнувајќи дека рускиот напад врз Украина беше пресвртница, канцеларот Олаф Шолц рече дека оваа ситуација го загрозува нашиот повоен поредок.
– Наша должност е да ја поддржиме неговата одбрана. Германија е на страната на Украина – изјави Шолц.
Тоа што владата испраќа оружје во Украина значи промена на политиката на земјата.
Германија претходно одбиваше да доставува оружје за воените и кризните области.