Германија планира да произведува напредни ракети „Таурус“ од 2029 година

Сподели со своите пријатели

Германија планира да започне со производство на надградена верзија на својата крстосувачка ракета „Таурус“ од 2029 година, според предлог-буџетот што се очекува да биде одобрен од парламентот следната недела, објави денес Ројтерс.

Надградената ракета „Таурус НЕО“, како што е наведено во предлог-буџетот од 415 милиони евра, ќе има продолжен дострел, подобрена заштита од попречување и напредок во навигацијата и технологијата на глава за пребарување.

Подобрената ракета најверојатно ќе ја произведуваат шведската компанија „Сааб“ и американската „Вилијамс Интернешнл“.

Според претходните информации, германската армија има за цел да купи околу 600 ракети „Таурус НЕО“, за вкупно околу две милијарди евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КИНА: Поранешен директор осуден на смрт поради примање мито

Германските сили моментално имаат на располагање околу 600 ракети „Таурус“ со официјален дострел од повеќе од 500 километри, кои можат да бидат лансирани од борбени авиони како што се „Торнадо“, „Ф-15“ или „Ф-18“.

Оружјето, произведено од европската одбранбена компанија MBDA, е дизајнирано да уништува цели зад непријателските линии, како што се командни бункери, складишта за муниција и гориво, аеродроми и мостови.

Германската влада постојано ги отфрла барањата од Украина да ѝ испорача крстосувачки ракети „Таурус“, поради загриженост дека Украина потенцијално би ги употребила против цели во Русија.