Германија планира да купи 35 „невидливи“ авиони Ф-35

Сподели со своите пријатели

Германската влада има намера да ја замени флотата на воени авиони „торнадо“ со 35 борбени авиони Ф-35, што важи за т.н. невидлив авион.

Исто така, 15 авиони „Еурофајтер“ се на списокот за набавка на авиони кои треба да го заменат 40-годишниот авион на Бундесверот.

 

Кои земји увезуваат најмногу нафта од Русија?

 

Ф-35 се смета за најмодерниот авион во светот, кој не е видлив на радарот поради неговата посебна форма и материјал.

Покрај тоа, Ф-35 може да носи нуклеарно оружје, така што гарантира дека Германија може да го фрли американското нуклеарно оружје во случај на одбрана.

Официјално не е потврдено, но јавна тајна е, посочува „Билд“, дека во Германија, САД во магацините имаат термонуклеарни бомби Б61, кои можеле да бидат прикачени на германски авиони „торнадо“.

 

Рускиот „крал“ на јаглен и ѓубрива предупредува на глобалната криза со храна поради војната во Украина

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц поради војната во Украина најави модернизација на германската армија и инвестиции од 100 милијарди евра.