Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во вторник дека Германија нема да ја поддржи иницијативата на западните сојузници за признавање на палестинска држава на следното Генерално собрание на Обединетите нации во септември.
Loading...
Мерц го изјави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец објави дека Канада ќе ја признае Палестина, по слични најави од Франција и Велика Британија.
– Ставот на федералната влада е јасен кога станува збор за евентуалното признавање на државата Палестина – рече Мерц.
– Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на таа иницијатива. Не сметаме дека условите се исполнети – додаде германскиот канцелар.