Во Германија, од денес, само лицата кои биле вакцинирани, негативно тестирани или ја прележале болеста па имаат потврда дека се опоравиле, имаат пристап до јавни простории.
Според договорот меѓу сојузната држава и покраината, овие правила важат за клиниките, домовите за стари лица, спортски сали, базени, фризери, хотели, ресторани, но и за разни настани, пишува ДВ.
Ова правило се нарекува „3G“ бидејќи на германски сите три збора – вакцинирани, тестирани и излечени – започнуваат со буквата „g“ (geimpft, getestet, genesen).
Минатата сабота, инциденцата за седум дена – бројот на случаи на 100.000 жители – надмина 50 за прв пат од мај.
Најголем скок во бројот на новозаразени е Северна Рајна -Вестфалија – 99,2 нови случаи на ковид на 100,000 жители во последните седум дена, додека на второ место Берлин. Во главниот град на Германија, бројката е 67,3.
Германскиот просек скокна на 56,4 во понеделникот наутро.
Расте и бројот на пациенти со Ковид, кои треба да бидат згрижени во болниците. Луѓето на возраст меѓу 35 и 59 години се особено погодени. Речиси сите нови инфекции беа предизвикани од повеќе заразен делта сој.
Според институтот Роберт Кох, луѓето кои имаат целосна заштита од вакцинација се со помала веројатност да се заразат, а оние што се разболуваат многу ретко имаат потешка форма на болеста.
Од вакцинацијата, повеќе од 13.000 луѓе се заразени од февруари, но само 2,4 проценти од пациентите на возраст од 18 до 59 години, кои се лекуваат во единиците за интензивна нега, се целосно вакцинирани.
Темпото на вакцинација значително забави во Германија минатата недела – 58,8 проценти од луѓето беа вакцинирани во целост, а 63,9 проценти со барем една доза.
Премиерот на провинцијата Баварија Маркус Содер (ЦСУ) повеќе не сака да се ориентира само врз основа на инциденцата:
„Врз основа на високата квота за вакцинација, методологијата што се применува во правата на трите бранови, односно инциденцата, повеќе не е соодветна“, вели Содер за ДВ.
Тој се залага ситуацијата во болниците да се земе предвид многу повеќе и да се направи „еден вид болнички семафор“, што ќе ја означи црвената линија.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) ја отфрли можноста луѓето што целосно се опоравиле или вакцинирале да бидат ограничени од контакт и излегување во иднина.
Тој додаде дека целта е да поминеме низ есента и зимата без дополнителни мерки, со почитување на познатите правила за престој во јавен простор – дистанца, хигиена и маски – како и со „3G“ правилата во затворен простор, и конечно со мотото „Вакцинација, вакцинација, вакцинација“.
Министерот за економија Питер Алтмаер (ЦДУ) рече дека, според сѐ што е сега познато, може да се избегне ново затворање за вакцинираните лица и оние што ја прележале болеста.
Слична изјава даде и германската министерка Кристин Ламбрехт (СПД), која за неделното издание на весникот Велт изјави дека исклучува нов карантин или специјални закони за вонредна состојба.
Правилото „3Г“ предизвика незадоволство кај угостителите и хотелиерите, кои веруваат дека тоа ќе доведе до намалување на приходите.