Германија на Украина ѝ испорачала оружје во вредност од 350 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Германија досега ѝ испорачала на Украина оружје во вредност од 350,1 милиони евра, се вели во одговорот на Министерството за економија и заштита на климата на барањето на пратеничката од левицата Севим Дагделен.

Loading...

Од првиот ден на војната на 24 февруари до 1 јуни, германската влада даде „зелено светло“ за испорака на оружје во вредност од 219,8 милиони евра, како и заштитна опрема вредна 85,2 милиони евра, се вели во одговорот објавен од ДПА.

Дополнително, според поедноставената процедура, од 1 април е дозволена испорака на оружје и опрема на Бундесверот во вредност од 45,1 милиони евра.

Во одговорот на Министерството, државниот секретар Удо Филип посочува дека најмногу се работи за искористениот материјал на Бундесверот, чија сегашна вредност се наведува.

Два дена по руската агресија врз Украина, германската влада одлучи да и достави оружје на нападнатата земја.

Оттогаш се доставува првенствено одбранбено оружје, како што се ракети за противвоздушна одбрана, противтенковски фрлачи и слично.

Ветено е тешко оружје, како оклопни возила, но сѐ уште не е испорачано.