Гермманија изјави дека американска војна против Иран „нема никаква врска со НАТО“.
Владата предупреди дека проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток и Заливот, пишува Анадолу.
„Тоа не е војна на НАТО. НАТО е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред новинарите во Берлин.
„Германската влада мора јасно да ја процени ситуацијата на територијата на Алијансата и сопствената позиција за учество во оваа војна“, додаде тој.
Тој нагласи дека ескалацијата на конфликтот би ги загрозила регионалните партнери.
„Проширувањето на борбените операции би носело големи ризици за другите партнери на Блискиот Исток и Заливот“, рече тој.
Германската влада претходно неколку пати изјави дека нема да учествува во американската војна против Иран.

