Германија: Маж поливал киселина врз гости во кафуле

Сподели со своите пријатели

Во неделата пет лица се повредени, од кои едно потешко, откако непознат сторител истурил киселина врз гостите на кафуле во Бохум во Северна Рајна Вестфалија.

Loading...

Според полицијата, гостите на кафулето лежерно седеле кога нападот се случил околу 15 часот и 30 минути.

Полицијата соопшти дека осомничениот сторител бил уапсен веднаш по нападот во близина на кафулето.

„Маж истури киселина врз гостин кој седел на маса. Жртвата е тешко повредена. Повредени се и жена која седела на истата маса и келнерка. Останатите две лица повредени во нападот најверојатно се други гости на кафулето”, изјави портпаролот на полицијата во неделата доцна навечер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири причини зошто Французите гласаа за крајната десница

Сите повредени со возило на брза помош се пренесени во блиската болница.

Повредени се и четворица полицајци и тројца пожарникари кои дошле во контакт со течноста по нападот.

Еден очевидец рекол дека видел луѓе како бегаат од кафулето.

Младиот човек лежеше на земја и викаше „Гори, гори“, изјави очевидец, пренесува Fenix-magazin.de.

Loading...

Неколку лица од кафулето наводно потоа го полиле човекот со вода.

Друг сведок кој ги слушнал врисоците вели дека полицијата и спасувачите многу брзо пристигнале на местото на настанот.

Осомничениот е уапсен во близина на местото на злосторството.

Полицијата во моментов ги истражува можните мотиви и обезбедува траги.