Германија: Лекари извлекле брачен пар од воз, се стравува дека се заразени со смртоносен вирус

Сподели со своите пријатели

Студентот по медицина и неговата девојка пристигнале истиот ден од Африка каде наводно лекувале мажи од вирусот Марбург.

Loading...

Дел од железничката станица во Хамбург беше опколен во средата попладне откако со воз од Франкфурт пристигна брачен пар за кој се стравуваше дека е заразен со многу опасен и смртоносен вирус.

Полицијата ја опколи платформата, а лекарите со полна опрема се качија на возот и го префрлија младиот пар во болница.

Останатите патници се евакуирани.

Мажот, наводно студент по медицина, немал температура, но неговата девојка почнала да повраќа во возот.

Германскиот портал Моргенпост пишува дека двојката во средата наутро директно од Руанда пристигнала со авион, пренесува Дневник.хр.

Портпаролот на противпожарната служба изјави за таблоидот Билд дека 26-годишниот и неговата девојка развиле симптоми слични на грип за време на патувањето.

Тој исто така рече дека во Африка лекувале човек за кој подоцна било потврдено дека е заразен со вирусот Марбург.

Loading...

Студентот и неговата девојка биле пренесени во Универзитетската болница Епендорф, специјализирана за тропски болести.

Нивниот багаж бил одземен.

Руанда моментално се бори со појава на вирусот Марбург, кој досега однесе осум животи, пишува Би-Би-Си.

Марбург вирусот се пренесува преку изложување на овошни лилјаци, но може да се пренесе и од човек на човек преку телесни течности, крв и незаштитен секс.