Кризата во германската изградба на станови се засили во август во услови на скапи заеми и градежни материјали, а бројот на компании со откажани проекти достигна највисоко ниво од почетокот на 1990-тите, објави институтот ifo.
Околу една петтина од компаниите, 20,7 отсто од нив, наведуваат дека во август им биле откажани проектите за изградба на станови, покажува истражувањето на ИФО.
Во јули нивниот удел бил 18,9 отсто.
„Откажувањето на проектите за изградба на станови достигна нов врв. Вакво нешто не сме виделе од почетокот на истражувањето во 1991 година“, рече Клаус Вохрабе, раководител на одделот за истражување на ifo.
Многу проекти кои беа профитабилни на почетокот на минатата година, во меѓувреме станаа неодржливи поради наглото зголемување на трошоците за изградба и многу повисоките каматни стапки, како и намалените субвенции под влијание на построгите регулативи за енергетика, рече Волербе.
Сè повеќе компании се во неволја, па 44,2 отсто од компаниите пријавиле недостиг на нарачки во август, наспроти само 1,8 отсто во истото време минатата година, објави ifo.
„Некои компании едвај ја држат главата над вода“, посочува Волербе, додавајќи дека речиси 12 отсто од компаниите во секторот наведуваат проблеми со финансирањето, најмногу во последните 30 години.
Повеќето компании стравуваат дека би можеле да имаат уште помалку работа во следните шест месеци, според институтот.
„Несигурноста на пазарот е огромна“, заклучи Волербе.