Двете водечки европски енергетски компании потврдија дека преговараат со рускиот државен енергетски гигант Газпром за плаќање на рускиот гас, а во исто време тврдат дека сакаат да дејствуваат во согласност со санкциите на ЕУ и новите руски правила кои бараат од западните земји рускиот гас да се плаќа во рубљи.
„Сметаме дека е можна конверзија на плаќањата во согласност со законот за санкции и руската одредба. Унипер ќе продолжи да плаќа во евра и е во разговори со својот договорен партнер (Газпром) за конкретни модалитети на плаќање и тоа го прави во блиска координација со германската влада“, рече Унипер.
Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа
Што вели ОМВ?
Слична порака испрати и австриската ОМВ:
„Го анализиравме барањето на Гаспром за начини на плаќање во светлото на санкциите на ЕУ и сега работиме на решение кое е во согласност со санкциите“.
Ваквиот развој на настаните следеше откако Русија ги прекина испораките на гас за Полска и Бугарија, со што драматично ескалираше нејзиниот одговор на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина.