Од јануари 2022 година, возачите во Германија ќе мора да имаат две заштитни маски во својот автомобил, камион или автобус како дел од задолжителната опрема, на пример како комплет за прва помош.
Ова правило ќе важи и по завршувањето на пандемијата.
За ова правило во Германија се зборува со месеци, а иако многумина мислеа дека е претерување, се чини дека не го мислат истото во ресорното министерство, пишува Fenix-magazine, а пренесува Kambus.info.
Германското Министерство за транспорт соопшти дека уредбата ќе биде вклучена во претстојната промена на патниот сообраќај.
Според Сојузното министерство за транспорт, одлучено е граѓаните да се придржуваат до советите на стручните лица кои сметаат дека во комплетот за прва помош на возилото мора да има две маски за лице.
Соодветно на тоа, се менува стандардниот лист DIN 13164 кој ја регулира содржината на комплетите за прва помош.
„Маските се наменети за дополнителна заштита, особено за мерки за прва помош каде како помошник пристапувате кон други лица“, наведуваат од Министерството за транспорт.
Новата регулатива се однесува на автомобили, камиони и автобуси.