Германскиот министер за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за економија Роберт Хабек го блокираа извозот на оружје од Германија во Израел, поради загриженоста за целта на нивната употреба, објави германскиот „Гардијан“, повикувајќи се на извори во германската влада, дека повеќе од март не е одобрено ниту едно барање за извоз на оружје од Германија во Израел.
Се известува дека Зелените – чии претставници се Бербок и Хабек – инсистирале дека транспортот на оружје и резервни делови може да се случи само кога израелската влада ќе потпише гаранција дека нема да користат оружје за да извршат акти на геноцид.
Според Билд, Израел минатата недела ѝ дал писмена гаранција на Германија.
Како што пишува „Гардијан“, со спречувањето на испраќање оружје во Израел, Бербок и Хабек имплицитно изразуваат сомнеж за намерите на Израел што владата на германскиот канцелар Олаф Шолц не ги искажала.
Таквата одлука практично ќе го доведе Берлин во конфликт со Вашингтон, бидејќи САД, и покрај јасните критики за акциите на израелската армија во Појасот Газа, јасно ставија до знаење дека не гледаат индикации дека Израел извршил геноцид, заклучува Гардијан.
Во септември германското Министерство за економија негираше дека има бојкот на извозот на оружје во Израел, наведувајќи дека секое барање за испорака на оружје се разгледува „од случај до случај“, пренесува Танјуг.