Германската телекомуникациска компанија „Bundesnetzagentur“ ги забрани паметните часовници за деца и ги замолува нивните родители да се решат од нив.
Регулаторите ги класификувале паметните часовници како едни од уредите за слушање кои се забранети, за да децата посветат повеќе внимание во училиште.
Иако Германија со овој чекор се обидува да наведе маани на овие уреди кои одвлекуваат внимание, не споменуваат закана на која укажува европската организација за потрошувачи, а тоа е дека паметните часовници со GPS следење можат да бидат хакирани и напаѓачите можат да ја следат или променат локацијата на детето со паметниот часовник.
Ако забраната на паметните часовници продолжи во Европа, ќе ги натера производителите далеку да ги подобрат безбедносните протоколи и да се подобри пазараот на паметни часовници, кој и не е нешто совршен моментално.