Германија привремено го повлече персоналот на својата амбасада во Багдад од Ирак, поради зголемените безбедносни ризици предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.
„Персоналот на германската амбасада во Багдад сега е привремено преместен од Ирак поради заканата“, изјави портпаролот, како што објави денес Ројтерс.
Портпаролот рече дека безбедноста на персоналот на амбасадата во Багдад постојано се проценува, како и дека правните и конзуларните услуги на таа амбасада се сериозно ограничени веќе некое време поради безбедносната ситуација.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул доцна синоќа во Никозија, за време на неговата посета на Кипар, изјави дека разговарал за регионалната ситуација со американскиот државен секретар Марк Рубио и дека двајцата ги осудиле „неселективните“ напади на Иран врз земјите во регионот и го повика Техеран да ги запре тие напади.
САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, откако преговорите за нуклеарната програма на Иран не доведоа до договор, а како одговор, Иран веднаш започна воздушни напади врз Израел и соседните земји, велејќи дека го прави тоа поради американското присуство во тие земји.

