Германија до крајот на годината ќе ѝ испорача на Украина уште два ПВО системи

Сподели со своите пријатели

Германија останува на одлуката за испорака на 12 противвоздушни одбранбени системи IRIS-T SLM на Украина, јавува Ројтерс повикувајќи се на извори во безбедносните кругови, а се работи за претходно преземени обврски, пренесува Хина.

Loading...

„Четири системи се веќе испорачани, два треба да следат до крајот на годината и шест во подоцнежен период“, изјави неименуван извор за Ројтерс.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за одбрана Борис Писториус ќе присуствуваат на поставувањето на првиот систем IRIS-T SLM во Германија во среда во Тодендорф во северна Германија.

Ефективен одбранбен систем

Во Тодендорф веќе има центар за обука за управување со овој систем, каде што веќе се обучуваат украинските војници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп рече дека се подготвува да се сретне со Путин: „Тој сака да се сретнеме“

Освен овие противвоздушни системи кои ги произведува германската компанија Diehl Defence, Бундесверот ги поседува и американските противвоздушни системи Patriot.

Според воените експерти, системот IRIS-T SLM во Украина досега се покажал како ефикасен во одбраната од руски ракети и беспилотни летала.