Германија целосно го укинува државното финансирање на црквата?

Сподели со своите пријатели

Германската влада планира да ги укине годишните плаќања за протестантската и католичката црква, кои беа воведени на почетокот на 19 век, објавија во петокот германските медиуми.

Loading...

„Германската влада планира во септември да донесе закон за укинување на годишните компензации на црквата, без зелено светло на сојузните држави“, пишуваат германските медиуми, повикувајќи се на извори во социјалдемократско-зелено-либералната влада на канцеларот Олаф Шолц.

Во коалицискиот договор, оваа влада се обврза да ја укине годишната исплата на компензација на црквите, која е на сила од почетокот на 19 век, но некои сојузни покраини се спротивставија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венецуела ја затвори границата со Колумбија поради наводен заговор за инаугурација на Мадуро

Сега, како што изјави Ларс Кастелучи, портпарол за верски прашања на владејачките социјалдемократи, за Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ), законот треба да се обликува така што нема да биде потребно зеленото светло на Бундесратот, домот на сојузните држави.

Годишните надоместоци на државата за двете најголеми германски цркви, протестантската и католичката, се засноваат на договорот што германските кнежевства го склучија со црквите на почетокот на 19 век, во екот на секуларизацијата на државата и национализацијата. на црковните имоти.

600 милиони евра годишно

Напорите да се запрат овие плаќања постојат уште од времето на Вајмарската Република.

Германските сојузни држави на име на овие компензации годишно исплаќаат на црквите околу 600 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болниците во Франција на посебен распоред за работа поради големиот број заболени од грип

Како што пишува ФАЗ, црквите начелно се согласуваат со завршувањето на годишните исплати бидејќи се свесни дека овој вид финансиска помош „наидува на мало разбирање кај граѓаните“.

Loading...

Црковните претставници, како што се наведува понатаму, стравуваат и од зајакнување на партиите на екстремната десница и левица, AfD и BSW, кои се значително покритични кон црквите од етаблираните партии.

Дополнително, главен извор на приход за двете германски цркви сè уште останува црковниот данок што го плаќаат сите вработени кои се регистрирани како членови на протестантската или католичката црква.

Приходите од овој данок, и покрај постојаното намалување на бројот на црковните членови – поради истовремено зголемениот број на вработени – растат со години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Висината на данокот е 9 отсто од износот на данокот на доход. Католичката црква во Германија собра 6,5, а протестантската црква 5,9 милијарди евра преку даноци во 2023 година.