Германија блокирана од 100.000 трактори, децата пеш до училиште на -13°C

Сподели со своите пријатели

Мегапротестот кој започна во понеделникот во Германија продолжува и во вторник.

Loading...

Според проценките на полицијата, во понеделникот имало околу 100.000 трактори кои го блокирале сообраќајот во земјата.

Протестот го предводат земјоделците кои се незадоволни од планираното кратење на субвенциите за дизел гориво.

Ним им се придружија возачи на камиони, некои ресторани и мали трговци. Протестите треба да траат една недела.

Во вторник протестите треба да бидат од помал обем. Земјоделците најавија дека ќе го блокираат сообраќајот на берлинската обиколница и околу градот Бернбург во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Тие треба да одржат и демонстрации на неколку локации во близина на Берлин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја објавија првата снимка од носач на дронови и хеликоптери. Се гледа е и „невидливиот“ дрон

Германскиот Билд пишува дека во вторник протестите продолжиле во околината на градот Улм и дека сообраќајот се одвива отежнато.

Во Бернсбах, Саксонија, во вторникот наутро демонстрантите го блокираа патот со возила, па децата кои патуваа на училиште мораа да излезат од автобусот и да продолжат пеш, иако температурата надвор беше минус 13 степени целзиусови.

Loading...

Од сигналниот пиштол пукал во конвојот на тракторите

Полицијата во понеделникот уапсила млад човек (24). Тој пукал во конвој трактори во понеделникот околу 13 часот во градот Гепинген кај Штутгарт. Тој испукал неколку куршуми од сигналниот пиштол и немало повредени.

Во среда треба да штрајкуваат и германските железници. Раководството сакаше да го спречи штрајкот на суд, но не успеаја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аргентинскиот претседател ќе забрани операција за промена на полот за малолетници