Германските власти би можеле да го блокираат xHamster, една од најголемите порно страници во светот, бидејќи ја занемарува заштитата на децата и младите, пишува Spiegel.
На оваа страница и се заканува блокада поради непочитување на законската заштита на децата и младите.
Тобијас Шмид, директор на државната канцеларија за медиуми во Северна Рајна-Вестфалија, изјави за новинската агенција dpa дека имаат правосилна судска одлука, на која xHamster нема право на жалба.
На 1 декември, Управниот суд во Дизорф утврди дека државната институција е целосно во право.
Правната ситуација е јасна, истакнува Шмид: се работи за порнографија, страницата не ја проверува возраста на корисникот, важечки е германскиот закон.
Агенцијата стапи во контакт со мрежните оператори, вклучувајќи ги Водафон и Телеком. Шимд вели дека биле информирани дека има нелегална содржина на нивните мрежи што треба да се блокираат.
Претставник на Телеком одговори дека технички ќе го забрани пристапот до страницата доколку добијат правен налог.
Од „Водафон“ велат дека во моментов работат на правна проценка.
xHamster е една од најголемите веб-страници во светот, која, меѓу другото, вклучува и нелегално снимени снимки, со жени кои очигледно биле снимени и фотографирани против нивна волја.
Од XHamster одговараат дека се подготвени да соработуваат со германските власти и дека блокирањето на содржината би било „далеку од оптималното решение“, бидејќи малолетните корисници би се префрлиле на помали страници, каде што би биле изложени на поекстремни содржини.
Сепак, тие велат дека проверката на возраста на корисниците може да се примени само доколку сите останати во индустријата одлучат да го направат тоа.