Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фајзе смета дека правичната распределба на украинските бегалци кои пристигнаа во Европската унија поради војната е апсолутен приоритет и ги повика земјите-членки да го почитуваат европскиот договор за прием на бегалци.
Тој договор, рече таа, сега мора заеднички да се имплементира и додаде дека ја поддржува поканата испратена од Франција и Полска, пренесува Хрватската радио-телевизија.
Полска прими повеќе од два милиони бегалци од соседна Украина.
Фајзе соопшти дека денеска повторно ќе разговара со еврокомесарот за внатрешни работи.
Германскиот министер најави и разговори за наоѓање засолниште за бегалците од Украина и во земјите надвор од ЕУ, вклучувајќи ги Канада, САД и Јапонија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека засега не може да се каже колку жени, деца и мажи ќе ја напуштат Украина по руската инвазија, но дека „знае дека ќе ги има многу и дека сите се добредојдени“ во Германија.