Триесет и петгодишник од Германија бил приведен на Граничниот премин Табановце, под сомнение дека се обидел да внесе наркотици.
– На 09.02.2026 во 19:10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиja од слобода М.Ј.Б.(35) од Германија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при извршен преглед на патничко возило „фолксваген транспортер“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени кристална материја и кеса со натпис „лсд“.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР, тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово.
– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

