Германец се обидел да влезе преку Табановце со куршуми и палка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен државјанин на Германија бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако му биле пронајдени куршуми и палка.

Loading...

– На 11.07.2025 во 08.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ф.Е.(27) од Р.Германија, поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок од законот за оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, при гранична контрола е констатирано дека во патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки кое го управувал, се пронајдени и одземени три куршуми и палка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово меѓу потенцијалните локации за изградба на гасни електрани

– Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во соопштението.

Никола Ивановски