Германците молат Канаѓаните да ја вратат турбината за Северен тек 1

Сподели со своите пријатели

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек испрати јавно барање до канадската влада да ја испорача турбината за гасоводот Северен тек 1, која ја задржаа по ремонтот поради санкциите кон Русија, а која е клучна за протокот на гас за Европа.

Loading...

Хабек изјави за Блумберг дека турбината за Северен тек 1 треба да се врати пред да започнат редовните работи за одржување на гасоводот во понеделник.

Испорачувањето на таа компонента ќе го одземе аргументот што тој вели дека служи како изговор за рускиот претседател Владимир Путин да го задржи гасоводот затворен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мекдоналдс го повлече омилениот хамбургер во САД

„Јас ќе бидам првиот што ќе се бори за натамошен силен пакет санкции на ЕУ (против Русија), но острите санкции мора да им наштетат на Русија и Путин повеќе отколку на нашата економија. Затоа барам да се разбере дека на Путин треба да му го одземеме изговорот со турбината“, изјави Хабек во телефонско интервју за њујоршката агенција.

Германија се соочува со можна рационализација на потрошувачката на енергија во наредните месеци, што може да ги погоди бизнисите и потрошувачите и да ја втурне најголемата европска економија во рецесија.

Западните власти предупредуваат дека Русија би можела долгорочно да го затвори Северен тек по завршувањето на двонеделното рутинско одржување на најголемиот руски гасовод до Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшна бура ги опустоши Филипините, најмалку 26 загинати (ВИДЕО)

Протокот на гас веќе беше намален за 60 отсто во јуни поради проблеми со турбините, што ги попречува напорите на Германија да обезбеди доволно залихи во складиште за зимата.

„Потребен ни е капацитетот на Северен тек 1 за да ги наполниме нашите магацини. Пополнетите складишни капацитети во Германија не се важни само за германскиот пазар, туку и за европските пазари и за безбедноста на снабдувањето во Европа“, рече Хабек.

Loading...

Ограничувањето на испораките предизвика шокови на пазарите на гас.

Европските цени на бензинот на пазарот на фјучерси, кои се удвоија во текот на минатиот месец, денеска се на пат да забележат највисок дневен раст во последните повеќе од девет месеци, наведува „Блумберг“, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морничаво! Маж го заѕидал телото на својата сопруга во станот