Германците ја укинуваат државната субвенција за струја и гас

Сподели со своите пријатели

Уставниот суд испитуваше различни специјални фондови финансирани со заеми од германските власти. Меѓу нив се и субвенциите на потрошувачите за струја и гас.

Loading...

Но, добрата вест е дека цените на енергијата на големо паѓаат

Идејата беше со помош на државните субвенции потрошувачите до пролет да плаќаат релативно поволни цени за струја и гас.

Но, само неколку дена откако владата во Берлин одлучи да го продолжи тој инструмент, следуваше одлуката на уставниот суд.

Имено, судот во средината на ноември пресуди дека со ребалансот на буџетот за 2021 година е прекршен т.н. должничка кочница – правило влезено во германскиот устав со кое владата се обврзува да позајмува само во вонредни ситуации.

Тоа значи дека неискористените средства за заем од Фондот за борба против последиците од пандемијата на коронавирус не може да се префрлат во Фондот за клима.

Со други зборови: се отвори дупка во буџетот од 60 милијарди евра.

Се зголемува ДДВ за струја и гас

И тоа не е се. Постојат сомнежи дека т.н Економскиот и стабилизацискиот фонд, вреден 200 милијарди евра, кој исто така се финансира со заеми, не е во согласност со германскиот устав, пишува Дојче веле.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во министерството за енергетика просечната нето-плата е 105.628 денари, каде е најниската?

А средствата од тој фонд се користат, меѓу другото, за ограничување на цените на струјата и гасот за потрошувачите, односно за кочница на цените на енергенсите.

Работи вака – потрошувачите плаќаат максимална цена, а државата го плаќа остатокот од пазарната цена на дистрибутерите на струја и гас.

Ова беше особено значајно бидејќи евтиниот руски гас повеќе не пристигнува во Германија, а пазарните цени преку ноќ беа драстично зголемени.

Министерот за финансии Кристијан Линднер сега по одлуката на судот најави укинување на кочницата на цената на енергетските производи од 1 јануари.

Социјалдемократите и зелените – коалициски партнери на либералите на Линднер – имаат одредени забелешки, па одлуката се уште не е конечна.

Тоа би значело дека купувачите на гас и корисниците на парно од топланите повторно ќе треба да ја платат целосната стапка на ДДВ од 19 отсто, привремено намалена на седум отсто поради енергетската криза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европскиот парламент ја потврдува новата Европска комисија

Ќе се зголемат и мрежните давачки за корисниците на електрична енергија.

Надоместокот за мрежа е цена за користење на електричната мрежа и изнесува околу 20 отсто од цената на електричната енергија.

Loading...

Но, цените се уште паѓаат

Добрата вест е што цените на гасот и електричната енергија за крајните потрошувачи продолжуваат да паѓаат.

Цените на големо се речиси преполовени од почетокот на годината, а сега потрошувачите постепено почнуваат да го чувствуваат тоа.

Половина од локалните добавувачи на струја и гас најавија дека ќе ги намалат цените од новата година, објави Verivox.de, портал кој ги споредува цените на различните провајдери на пазарот.

Според таа анализа, од 1 јануари најавени се 430 намалувања на цените, во просек 13 отсто.

„За домаќинства од три лица со годишна потрошувачка од 4.000 киловат часови ова е намалување за околу 287 евра годишно. Во Германија има 16,5 милиони такви домаќинства“, наведува експертскиот портал.

Истовремено, како што се додава, најавени се 55 поскапувања на струјата за околу пет отсто или во просек за околу 87 евра. Ова влијае на околу два милиони германски домаќинства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ангела Меркел откри шокантни приказни за сексизмот со кој се соочила како најмоќна жена во Европа

Севкупно, 19 милиони домаќинства се во основните области за снабдување со намалување на цените, а 1,9 милиони домаќинства се во области каде што се очекуваат поскапувања на гасот.

Совет е: Најдете нов добавувач

„Според нашите пресметки“, вели Лундквист Нојбауер, експерт за енергија на порталот Verivox, „поради сето ова, потрошувачите треба релативно добро да се справат со кревањето на сопирачката за цената на енергијата“.

Loading...

Без него, трошоците за струја во Германија во просек ќе се зголемуваат за само едно евро по домаќинство годишно, а за гас во просек за 26 евра, вели Нојбаер.

Но, и тоа не мора да се случи: „Потрошувачите кои имаат постари договори често плаќаат премногу струја и гас“, посочува експертот и советува да се префрлат на друг провајдер за да заштедат пари.

Се на се, ако се укине енергетската ценовна кочница од нова година, тешко ќе се забележат во просек цените на струјата и гасот со оглед на големите намалувања.