Германското семејство било убедено дека не е паметно да се отуѓуваат заштитените видови и им се заканува голема парична казна бидејќи од летниот одмор се вратиле дома со два примероци од заштитена џиновска школка (Tridacna gigas) што цариниците ја пронашле во нивниот багаж.

Според шефот на царината во Потсдам, патниците се вратиле од одмор во Кенија носејќи две огромни школки со вкупна тежина од 30 килограми, а се работи за заштитен вид кој уште го нарекуваат и мечкина шепа или џиновска капа.
Тие се соочуваат со казна до 10.000 евра затоа што не ги пријавиле школките на царина во средата, се вели во соопштението.
Портпаролот на царината објасни дека е голем прекршок да се увезуваат заштитени животни во Германија.

