Гери Пејтон сака да биде тренер во НБА

Сподели со своите пријатели

Носителот на шампионскиот прстен од 2006 година со Мајами, Гери Пејтон изјави дека би сакал да добие тренерска позиција во НБА лигата.

Loading...

– Многу млади НБА играчи се борат да го достигнат својот вистински потенцијал. Би сакал да се приклучам на НБА, каде што можам да им помогнам на тренерите, менторите и да ги водам играчите. Можам да ги научам на напорна работа, фокус и решителност што им треба да бидат доверлив фактор за успех на тимот, изјави Пејтон за „Yahoo Sports“.

Педесет и двегодишниот Пејтон сега е тв експерт за кошарка и е амбасадор во НБА.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply