Дејан Георгиевски испиша историја, откако денеска стана најуспешен спортист во историјата на Олимписките игри во самостојна Македонија.
Loading...
Од Токио 22-годишниот Георгиевски се враќа со сребрен медал откако во такевондо, категорија над 80 килограми, во финалето загуби од Владислав Ларин од Русија со 15:9.
Македонија како самостојна држава, не сметајќи ги медалите во рамките на СФРЈ, има освоено само еден бронзен медал, тоа е Могамед Ибраимов.
Никола Ивановски