Георгиевски: Нѐ очекува тежок натпревар, но ќе дадеме се од себе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Капитенот на МКК Куманово, Ѓорѓи Георгиевски на денешната прес конференција во пресрет на кошаркарскиот Куп на Македонија, изрази уверување дека тимот ќе даде се од себе да дојде до трофејот.

Вели дека се подтовени, но и дека имаат тежок противник, а тоа е екипата на Пелистер од Битола.

– Ние сме спремни, фокусани сме, не очекува тежок натпревар против доста јака екипа со одлични играчи и одличен тренер, но се надевам дека ќе дојдеме до посакуваната цел, рече Георгиевски.

 

 

Тој ги повика сите љубители на кошарката да им дадат поддршка од трибините, особено навивачката група Кумани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Докузовски: Ќе го оставиме срцето на терен и ќе дадеме се од себе (ВИДЕО)

– Воедно би сакал да ја повикам нашата публика да дојде во што поголем број, воедно и нашите верни навивачи, нашиот шести играч Кумани, да ни дадат поддршка, а ние ветуваме дека ќе дадеме се од себе да дојдеме до посакуваната цел, рече капитенот.

Средбата почнува во 19:30 часот во петок, а најавено е присуство и на битолската навивачка група.

Никола Ивановски