Георгиевски: Можна е коалиција со СДСМ, но под строги правила (фото)

Сподели со своите пријатели

Првите луѓе на Коалицијата ВМРО за Македонија, денеска на градскиот плошстад се сретнаа со граѓаните на Куманово пред кои перзентираа дел од мерките за предвремените избори.

Како што истакна Љупчо Георгиевски, граѓаните треба да сфатат дека ова се избори за победа на демократијата.

Ги слушаме и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ каок бараат 62 пратеника за да имаат стабилна Влада, односно да имаат монопол на власта. Ние сакаме да ги потсетиме граѓаните на Македонија дека и СДСМ имаат не 62, туку 102 пратнеика во периодот 94-98 година и тогаш ја направија катастрофалната приватизација и низа други катастрофални постапки. Најопасното нешто што може да и се случи на Македонија е на една партија да и се дадат 62 пратеника, затоа што власт без контрола, без баланс на силите, едноставно се злоупотребува. Целта на ВМРО за Македонија  е на овие избори да освои од 15 до 20 пратеника и со тие пратеници да можеме да го балансираме македонскиот парламент, новата Влада и да го заштитиме обичнио човек, обичните фирми, обичните граѓани од било каков обид за реваншизам – рече Георгиевски.

dsc_0178

 

Одговарајќи на новинарско прашање Георгиевски истакна дека ВМРО за Македонија најави можност за коалиција со СДСМ, но под строги правила.

Она што ние сакаме како поента многу јасно да го кажеме, ВМРО за Македонија е псоебен субјект на политичката сцена, ние сме посебна структура и она што треба да бидат среќни луѓето ние во овој момент не зависимо ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ, немаме обврска ниту према ВМРо-ДПМНЕ, ниту према СДСМ. Се надеваме дека ќе ја имаме таа можност после изборите навистина да одредиме каок ќе бидат нормите на новото демократизирање во Македонија. Ние сме опозициска партија, сакаме опозицијата да направи некој резултат, во таа смисла, многу јасно кажавме дека првата шанса што ќе ја дадеме е можеби ан СДСМ, но исто така сакам да кажам дека исто така ќе биде под строги правила на играта и ние не сакаме д аучествуваме во никаква реваншистичка политика по 11 декември – рече Георгиевски.

15387363_1163020890412696_2047328264_o

 

Носителот во втората изборна единица, Љубчо Балкоски потенцираше дека ова не се локални избори, туку избори каде граѓаните бираат состав на парламент кој треба Македонија да го врати на патот кон ЕУ и НАТО.

Одговорноста е голема кај новата Влада за да обезбеди максимално квалитетен начин на живеење. Тој начин на живеење, ВМРО за Македонија ќе го обезбеди со сите свои дејности и аспекти, така да се надеваме дека овој пат граѓаните на Куманово ја препознаа опцијата ВМРО за Македонија – рече Балкоски.

Љубе Бошковски, претседател на партијата Обединети за Македонија потенцираше дека Коалицијата ВМРО за Македонија сигурно ќе освои најмалку 15 пратеници.

Тука сме денес да кажеме дека ова е само почеток на нашето враќање, почеток кој ќе значи нови проекти, нова визија, за денес и за иднината на Република Макеоднија. Ги повикувам сит емои симпатизери, сите кумановчани и кумановчанки да го заокружат бројот 9 на Коалицијата ВМРО за Македонија – рече Бошковски.

15388724_1163020877079364_800351467_o

 

Членовите на коалицијата денеска во кумановско ќе остварат средба со граѓаните и ќе разговараат за нивните проблеми и потреби со цел да го подобрат животниот стандард на населението по 11 декември.