Седумдесет милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места, најави денеска од прес конференција, Јасмина Георгиевска од Општинската организација на СДСМ Куманово.
– Оваа 2020 година кога сите сме погодени од светската пандемија од ковид вирусот се грижиме и помагаме на најзагорзените така што финансиските средства од буџетот ги насочуваме таму каде што се најпотребни. Со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во износ од 470 милиони евра, за ублажување на последиците и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор, рече Георгиевска.
Освен седумдесетте милиони евра, според Георгивска, же се субенционираат плати за 250.000 работници за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари.
– Финансиска поддршка по 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани. Но, овој пат наместо на картички, парите ќе им бидат исплатени на трансакциски сметки сé со цел да не се создаваат непотребни групирања пред банките и целиот процес да биде олеснет за граѓаните, рече Георгиевска.
За оваа намена државата, како што рече таа, обезбеди 27,6 милиони евра кои повторно ќе се вратат во стопанството.
Никола Ивановски