Генијалниот сликар Да Винчи има 14 живи потомци

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет потомци на генијалниот сликар Леонардо да Винчи (1452-1519) живеат во Италија, пишува весникот „Авенире“. Новото семејно стебло на семејството Да Винчи го утврдија двајца професори, Алесандро Вецози и Ањезе Сабато, кои ги објавија резултатите од нивното 10-годишно истражување во научното списание „Човечка еволуција“.

Loading...

Наследниците на ренесансниот гениј, денес живеат во околината на Фиренца, презимето им е Винчи, имаат од една до 80 години и работат обични работи како службеник, геодет.

 

 

 

Во 2016 година, двајца научници го утврдија ленетското дрво на семејството Да Винчи, а потоа утврдија само двајца директни машки потомци, од кои едниот беше италијанскиот режисер Франко Зафирели, кој почина во меѓувреме.

Новото надополнетото семејно стебло на семејството Да Винчи се заснова на машки потомци во период од 690 години, вкупно 19 генерации.

Loading...

 

 

Според научните истражувања, хромозомот Y се пренесува исклучиво преку машката линија и останува непроменет до 25 генерации.

Споредбата на хромозомот Y кај живите потомци на Леонардо да Винчи и оној идентификуван во остатоците на предците може да ги открие причините за неговата генијалност, но и физичката состојба на Леонардо да Винчи, наследните болести и причините за неговата прерана смрт.

Leave a Reply