Генијален трик за мирислива бања: Направете си сами освежувач!

Сподели со своите пријатели

Постојат многу начини бањата да ви мириса убаво, но обично вклучуваат хемија и многу пари.

Но, можете истиот ефект да го постигнете и на поприроден начин со помалку пари. наместо да собирате освежувачи, направете еден самите. Се што ви е потребно е тоалетна хартија и есенцијално масло кое го сакате.

Најдобриот избор за бањата се севжи, цитрусни мириси, лимон, портокал или еукалиптус или нане. Десетици капки сипете на картонска ролна, само внимавајте да не дојде до самата тоалетна хартија, бидејќи етеричните масла можат да ја иритираат чувствителната кожа на гениталната регија.

И тоа е се. Секогаш кога ќе одмотате малку тоалетна хартија од ролната, мирисните молекули повторно се активираат и пријатвниот свеж мирис се шири низ целата бања.

Leave a Reply