Началникот на Генералштабот на иранската армија, Мохамад Багери, предупреди дека „страшна одмазда“ ги чека луѓето кои стојат зад убиството на високиот ирански научник Мохсен Фахризад.
„Одговорните терористички групи и извршителите на овој кукавички чин треба да знаат дека ги чека страшна одмазда“, напиша Багери во пораката на Твитер, пренесена од иранската агенција Ирна.
Смртта на иранскиот научник Багери ја нарече „горчлив и тежок удар“ и додаде дека Иранците нема да мируваат се додека не ги пронајдат и казнат луѓето вмешани во неговото убиство.
Министерството за одбрана вчера потврди дека во текот на денот бил убиен шефот на Одделот за истражување и иновации во нивното министерство, Мохсен Фахризадех.
Тој бил сериозно ранет кога во неговото возило пукале неколкумина напаѓачи, а на нападот возвратил безбедносниот тим кој го штител научникот, соопшти Министерството за одбрана, наведувајќи дека лекарите не успеале да го реанимираат тешко поврдениот научник.
Сашко Димевски