„Газпром“ тврди дека редовно испорачува гас за Европа преку Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот гасен концерн Газпром во понеделникот соопшти дека редовно доставува гас за европските клиенти преку украинска територија.

Loading...

„Газпром испорачува гас преку Украина на редовна основа, во согласност со барањата на потрошувачите“, се вели во соопштението на компанијата.

 

Повеќе од два милиони Украинци избегаа во Полска

 

Само денеска се очекува Газпром и Русија да испорачаат 104,7 милиони кубни метри гас до европските клиенти преку Украина.

Договорните обврски на Газпром за транзит преку Украина до Европа во 2022 година изнесуваат 40 милијарди кубни метри или околу 110 милиони кубни метри дневно.