„Газпром“ поставил повеќе од 650 километри гасовод од „Турскиот тек“ долж двете линии, изјавил претседателот на Управниот одбор на компанијата Алексеј Милер.
– Годинава стана многу важна за нас и во рамките на проектот „Турски тек“. Започнавме со изградба на две линии на крајбрежниот дел на гасоводот на рускиот брег, а моментално работиме исклучително на економската зона во Турција. До денеска изградени се над 650 километри гасовод, а тоа веќе надминува 35 отсто од вкупната должина, истакнал Милер.
„Газпром“ на 7. мај ја започна изградбата на поморскиот дел од гасоводот „Турски тек“. Проектот предвидува изградба на две линии со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Првата линија е наменета за испорака на гас на турските потрошувачи и планирано е да се пушти во употреба во март следната година. Втората линија е наменета за снабдување за земјите од јужна и југоисточна Европа.