Газа: Во израелски напад загинаа четири лица, 30 се водат како исчезнати

Сподели со своите пријатели

Палестинската цивилна одбрана денес објави дека четири лица загинале, а повеќе од 30 се водат како исчезнати под урнатините по израелскиот напад врз куќа јужно од градот Газа.

Loading...

„Нашите тимови успеаја да пронајдат четири тела и пет повредени лица по нападот“, изјави за АФП портпаролот на цивилната заштита во Газа, Махмуд Басал.

Тој додаде дека повеќе од 30 луѓе се под урнатините, наведувајќи дека спасувачите не можат да стигнат до нив поради недостаток на соодветна опрема и машини.

Според него, нападот се случил во зори врз семејна куќа во населбата Ал Сабра јужно од градот Газа, на север од палестинската територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас е подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за петгодишно примирје

Израелската армија сè уште не даде коментар.

Израел го прекрши двомесечното примирје и ја продолжи офанзивата во Појасот Газа на 18 март со цел да го принуди палестинското движење Хамас да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи од нападот на движењето врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Најмалку 2.062 Палестинци се убиени од 18 март, со што бројот на жртви во Појасот Газа достигна 51.439 на 7 октомври 2023 година, според податоците објавени во петокот од Министерството за здравство на Хамас.

Во напад на Хамас тој ден загинаа 1.218 луѓе од израелска страна, претежно цивили, според АФП.

Loading...

Од 251 киднапирани лица, 58 се уште се заложници во Газа, од кои 34 лица се убиени, според израелската армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен и дрон од истокот