Газа изгуби контакт со светот: Израел ја лиши од секаква комуникација! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот Црвен крст (ПРКС) денеска соопшти дека израелските власти ги прекинале сите фиксни, мобилни и интернет комуникации во Појасот Газа.

Loading...

„Длабоко сме загрижени бидејќи овој прекин го отежнува амбулантното доаѓање до ранетите“, се вели во соопштението на палестинскиот Црвен крст на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Се додава дека тие се загрижени и за безбедноста на тимовите кои работат во Газа бидејќи „континуираните и интензивни израелски воздушни напади 24 часа на ден укажуваат дека израелските власти ќе продолжат да вршат воени злосторства додека ја изолираат Газа од надворешниот свет“.

„Ја повикуваме меѓународната заедница да изврши притисок врз израелските власти да обезбедат итна заштита на невините цивили, медицинските установи и нашите тимови“, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

Веќе неколку часа Газа е речиси целосно без интернет и телекомуникации бидејќи израелските сили ги извршуваат најсилните напади до сега.

Објавена е првата снимка, која, според новинарот Ахмед Елдин, настанала по „затемнувањето“.

На неа се гледаат граѓани како трчаат по улицата додека горат зградите и се слушаат експлозии.

„Кога велиме дека ги прекинале телекомуникациите, не мислиме дека го исклучиле прекинувачот. Целосно ги уништија каблите и телекомуникациските кули.

Loading...

Израелската армија изјави за Ројтерс и АФП дека не можат да ја гарантираат безбедноста на нивните новинари во Газа.

– Зошто 194 земји во светот не спречат една земја во постојаниот геноцид на 2,2 милиони луѓе кои се затворени во најголемиот затвор на отворено?“, вели новинарот Ахмед Елдин, кој го објави видеото.